Распоред за Тродневницата и Светувањето на Марија од Назарет

Од 6 октомври до 9 октомври 2022 година во Радово ќе се моли тродневница и светување на Марија од Назарет. Особената накана оваа година на заедничкото молење ќе бидe: „Марија од Назарет просветлена преку Исус“.

Тродневницата во чест на Марија од Назарет е во прв ред лична молитва за сопствените потреби и лични прозби до Бога преку Марија.

Во продолжение го пренесуваме распоредот

Четврток 06.10.2022 во18,00 часот

Бројаница и изнесување на Статуата Марија од Назарет – Света Литургија;

Наговор: Отец д-р Зоран И. Стојанов.

Тема: „Исус – пријател на децата“. Молитви на Верните, под водство на Отец Трајче Ташев, капелан.

Петок 07.10.2022 во 18,00 часот Света Литургија; Молебен до Пресвета Богородица;

Наговор: Отец Горѓе Појразов, парох во Петралинци. Тема: „Исус – вистина, пат и живот“. Молитви на Верните, под водство на Отец м-р Атанас Сирачев, капелан.

Сабота 08.10.2022 во 8,30 часот Света Литургија;

Во 17,00 часот Тргнување во процесија кон капелите Марија од Назарет и Блажена Мајка Тереза. Процесијата ќе ја предводи Н.В.П. Д-р Киро Стојанов, заедно со отец Илија Стојанов и други свештеници, со учествуво на Сестрите Евхаристинки и верниците – возрасни и деца; По патот молење на Молебен до Пречиста Дева Марија. Враќање во црквата – Посветеност на Три Радувај се Маријо…

Наговор: Отец м-р Ванчо Назов, парох во Сарај и Чанаклија. Тема: „Исус – вистиска светлина“.

Недела 09.10.2022 10,00 часот Света Бројаница – За време на молењето на бројаницата (од третата десетка) започнува Процесијата со Марија од Назарет околу црквата; Светата Архиерејска Литургија (започнува веднаш по влегувањето во храмот) ја предводи и проповеда Н.В.П. д-р Киро Стојанов, струмичко-скопски епископ и скопски бискуп; Благослов за сите присутни и на индивидуалните и фамилијарни Бројанички. Заедничко Агапе.

Преку сите денови на Тродневницата можност за Света Исповед. Доколку не сте спречени од некои неодложливи задолженија се препорачува секојдневно присуство на молитвата со можност за добивање посебни милости во овие денови на празникот Марија од Назарет.

Од светувањето во Радово во чест на Марија од Назарет – Светата Литургија – на празникот во недела ќе биде пренесувана на Радио Марија (FM 106,5), кое може да се следи и вон Струмица преку интернет на www.radiomarija.mk.

Отец Зоран

Categories Новости | Tags: | Posted on October 5, 2022

Social Networks: RSS Facebook Twitter Google del.icio.us Stumble Upon Digg Reddit

Comments are closed.

close window

Service Times & Directions

Weekend Masses in English

Saturday Morning: 8:00 am

Saturday Vigil: 4:30 pm

Sunday: 7:30 am, 9:00 am, 10:45 am,
12:30 pm, 5:30 pm

Weekend Masses In Español

Saturday Vigil: 6:15pm

Sunday: 9:00am, 7:15pm

Weekday Morning Masses

Monday, Tuesday, Thursday & Friday: 8:30 am

map
6654 Main Street
Wonderland, AK 45202
(513) 555-7856