Sample Page
Во организација и под водство на Парохиски Каритас, односно младите волонтери од Радово е во тек проектот: Развивање на свеста за средината во која живееме.
Со конкретна иницијатива за почисто Радово –
Јас сакам Радово да е чисто
Сакаш ли и ТИ?!
Околината во која живееме е наше заедничко место наследено од нашите предци, затоа е убаво да ја оставиме здраво место за живеење и за генерациите кои доаѓаат по нас.
Природата е дар од Господ Бог. Наша должност е да ја одржуваме и чуваме.
Затоа не ни е дозволено, а и не е убаво:
– да се уништуваат засадените дрвја.
– да се испуштаат септичките јами по патиштата.
– да се кршат канделарките и корпите за смет.
– да се фрла смет (пред се пластика, најломски кесиња, пелени…) по патиштата, реките, каналите…
– да се палат гуми и пластика.
Зашто сето тоа го загадува воздухот и почвата, а тоа е многу штетно по здравјето на сите.
———————————————————
Има и друга страна, ако на пример секој почне од сопствениот двор и си зададе задача – Убаво би било ако можеме на убавото околу нас да одговориме со иста мерка.
На пример: – Ако соседот посади едно дрво јас да засадам две.
– ако мојот брат или сестра има убаво средена градина и парк – јас да направа мојот двор да биде уште поубав.
– секој од нас може да се воздржува од фрлање смет по улиците и истото да го советува своето дете.
– да почнеме веднаш да ги користиме кантите за да нема расфлени одпадоци по патиштата кои заеднички ги користиме сите.
Сето тоа зависи од нас, од мене и моето семејство, јас можам да ја направам поубава околината во која живеам, зашто патот – улицата која ја користиме сите има потреба од заедничко одржување.
Ве молиме подржете ја оваа иницијатива на Парохиски Каритас Радово и младите волонтери од нашата парохија!