Светување на празникот Марија од Назарет

Светување на празникот Марија од Назарет 22 години по ред во парохијата св. Пророк Илија во Радово кој воедно стана и копатронен празник. Светувањето го започнавме со тродневница. Оваа година поради ситуацијата во нашата земја, но и во цел свет зафатени со Ковид – 19 немавме процесија до двете капели и двата јубилејни крстови во Радово. Првиот ден од тродневницата предводеше и свој наговор имаше парохот о. Зоран, додека вториот и тредиот ден свои наговори имаа капеланите о. Трајче Ташев и о. Илија Стојанов.

Во неделата на 4 октомври 2020 година со свечена архиерејска Литургија предводена од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх во парохиската црква „Свети пророк Илија“ во Радово е прославен празникот Марија од Назарет а воедно и 25 годишниот јубилеј од свештеничкото ракополагање на о. Зоран И. Стојанов, парох во Радово.

По проповедта беше прочитан Папскиот благослов за јубилејот на о. Зоран, како и честитките од апостолскиот нунциј Анселмо Гвидо Пекорари и директорот на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски.  Кон крајот на светата Литургија на о. Зоран Стојанов му беше упатена благодарност за неговиот 25 годишен свештенички ангажман во име на верниците, додека о. Георги Трајков во име на свештениците му врачи икона на свети апостол Јуда Тадеј, а исто така следуваше и честитката од црковниот одбор, по што следуваше кратко обраќање на славеникот, во кое тој се заблагодари на честитките и молитвите.

Свеченоста заврши со благослов на епископот Киро Стојанов со моштите на свети Јуда Тадеј, кои потоа беа изложени во моштохранителницата изработена токму за овој празник и поставена во црквата.

Categories Новости | Tags: | Posted on October 11, 2020

Social Networks: RSS Facebook Twitter Google del.icio.us Stumble Upon Digg Reddit

Leave a Reply

Sorry, but you must be logged in to post a comment.

close window

Service Times & Directions

Weekend Masses in English

Saturday Morning: 8:00 am

Saturday Vigil: 4:30 pm

Sunday: 7:30 am, 9:00 am, 10:45 am,
12:30 pm, 5:30 pm

Weekend Masses In Español

Saturday Vigil: 6:15pm

Sunday: 9:00am, 7:15pm

Weekday Morning Masses

Monday, Tuesday, Thursday & Friday: 8:30 am

map
6654 Main Street
Wonderland, AK 45202
(513) 555-7856